ВИДЕО | Возач влета со кола кон демонстрантите во Сараево, полицијата му нашла дрога
Голема драма се одвиваше за време на денешните протести во Сараево, кои избија поради стравичната трамвајска несреќа што ја потресе Босна и Херцеговина, објави „Дневни аваз“.
Препорачано
Имено, кога демонстрантите стигнале до Алипашината џамија, еден маж со автомобил тргнал кон насобраните граѓани.
Со брзата интервенција на полицијата била избегната трагедија, возачот бил легитимиран, а потоа уапсен. Кај него била пронајдена дрога.
Веќе шести ден по ред граѓаните протестираат во Сараево, а студентите бараат објавување на снимката од моментот на несреќата.
Стар трамвај, возило што со децении се движело по истите шини, во четвртокот излета од колосек и ја покоси постојката. Во несреќата загина 23-годишно момче, уште помлада девојка остана без нога, а има и други повредени.
Граѓаните се собраа на протест кај Националниот музеј на Босна и Херцеговина, каде што студентите и средношколците побараа целосна и транспарентна информација за истрагата, вклучително и податоци за сервисирањето на трамваите и видеоснимка од камерата што го регистрирала трамвајот во моментот на несреќата.
Демонстрантите бараат и оставки од сите одговорни во целиот синџир на системот за јавен превоз, како и воспоставување квалитетен и безбеден јавен превоз и целосно запирање на приватизацијата во овој сектор.
ВИДЕО | Протести го тресат Сараево: граѓаните ја бараат снимката од трамвајската несреќа


