Фото: Албанска полиција / скриншот

ВИДЕО | Возач на „Мерцедес“ од Македонија ќе прегазеше полицајци, стисна гас на граница и избега – го фатиле во Албанија

На граничнот премин „Блато“ на македонско-албанската граница, кај Дебар, вчера се случил инцидент кога македонски државјанин одбил да биде контролиран и се обидел да избега, загрозувајќи ги животите на албанските полицајци,

Тој бил фатен на албанска територија, велат од полицијата.

„Вчера околу 17:20 часот, лицето Г.К. (42) жител на Република Северна Македонија, при влез на албанска територија со својот автомобил „мерцедес“, бил замолен да премине на втората линија за детална проверка, заедно со возилото. Тој го одбил барањето на полицајците и се обидел да избега со возилото, загрозувајќи ги нивните животи. Тој е фатен и уапсен“, соопшти албанската полиција, која објави и снимка од инцидентот.

Се додава дека осомничениот ќе одговара за кривичните дела „спротивставување на вршење на должност на службеник задолжен за јавниот ред и мир“ и „Нелегално преминување на граница“, а автомобилот му е запленет.

Материјалите се предадени на Обвинителството при Основниот суд од општа надлежност во Пешкопеја, за понатамошни дејствија.

Нов шалтер отворен на граничниот премин „Блато“, со досегашните не се постигнувало

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот