ВИДЕО | Вокер му се извини на Саутгејт пред натпреварот со Македонија: Ставете било кој алкохол пред мене, ќе го испијам

Фото: EPA-EFE/SEDAT SUNA

Репрезентативецот на Англија, Кајл Вокер во вчерашното финале помеѓу Манчестер Сити и Интер во игра влезе во завршницата, иако се очекуваше да биде стартер.

Сепак и во таква ситуација радоста на Вокер не се намали. По победата на „граѓаните“ во изјава пред новинарите се извини до селекторот Герет Саутгејт за тоа колку алкохол ќе испие пред репрезентативниот собир.

„Може сега да ставиш било кој алкохолен пијалак пред мене, се ќе испијам. Герет извини, но ќе испијам било што“, изјави Вокер.

Англија во овој циклус ќе игра и против Македонија на 19-ти јуни во Манчестер додека три дена претходно ќе се сретне со Малта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот