Фото: Икс / скриншот

ВИДЕО: Војници упаднаа во телевизија во Бенин и прогласија државен удар, испадна дека избрзале

Група војници во западноафриканската држава Бенин влегоа во студио на националната телевизија и објавија дека ја преземаат власта во земјата, јави Би-би-си. Најмалку осуммина војници се обратија до нацијата дека воениот отпор предводен од полковникот Тигри Паскал ги распушта државните институции, го суспендира Уставот и ги затвора воздушните, копнените и морските граници на Бенин.

Нивниот потег претставува најнова закана по демократските норми во Африка и доаѓа по минатомесечниот пуч во Гвинеја Бисау.

Но, набргу се покажа дека офицерите избрзале со прогласувањето на воениот удар – се огласи министерот за внатрешни работи на Бенин, кој соопшти дека армијата успеала да спречи државен удар.

Според последните информации, најмалку 12 припадници на Армијата на Бенин се уапсени во врска со обидот за насилна промена на власта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот