ВИДЕО | Во Турција откриен најстариот мозаик во светот: Настанал пред 3.500 години!

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Во турската централна провинција Јозгат во Турција е откриен најстариот мозаик во светот, направен пред 3.500 години.

Мозаикот, кој се состои од 3.147 камења со димензии три со седум метри, е пронајден во Усакли Хојуку во округот Соргун, каде што површинските истражувања започнаа во 2008 година, а ископувањата во 2012 година, јавува Агенција Анадолија.

Заедничките ископувања ги изведуваат Генералната управа за културно наследство и музеи, Универзитетот Бозок и Италијанскиот универзитет во Пиза, рекол Хусеин Чифтчи, покраински директор за култура и туризам. Според Чифтчи, мозаикот е постар од оние откриени во Грција.

Доц. д-р Анаклето Дагостино од Универзитетот на Пиза и предводник на тимот за ископувања, смета дека мозаикот е од 16. век пр.н.е.

– Научните испитувања покажаа дека мозаикот е прв ваков во историјата. Мозаичниот калап го потврдува ова, бидејќи е доста оригинален. Планираме да го вклучиме ова место во туристичките понуди – рекол Чифтчи.

Мозаикот е стара добро позната техника на сликање, којашто се изведува со редење шарени, повеќе или помалку доследно наредени коцки од камен, обоено стакло или ќерамика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот