Техеран Фото: Х

ВИДЕО | Аплаузи и извици на радост во Техеран по веста за смртта на ајатолахот Хамнеи

Жителите на Техеран аплаудирале од своите прозорци, а гласни извици се слушнале по 23 часот по локално време, на улиците на неколку населби во главниот град на Иран

Снимки се споделуваат на социјалните мрежи од изливи на радост и прослава во Техеран по објавувањето на смртта на ајатолахот Али Хамнеи, врховниот водач на Исламската Република Иран, кој загина во израелско-американските напади денеска.

Во Техеран се слушаат извици на радост и ракоплескање откако две израелски телевизиски станици објавија дека Хамнеи е убиен. Ајатолахот не е омилен во дел од јавноста во Иран, особено по крваво задушените демонстрации од минатиот месец, во кои владините сили убија илјадници граѓани кои протестираа против теократскиот режим.

Исто така, париски „Монд“ вечерва беше објавено дека фотографија од телото на убиениот ирански врховен лидер им била прикажана на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и на американскиот претседател Доналд Трамп. Трамп во објава на својата социјална мрежа ја потврди веста за смртта на Хамнеи.

Жителите на Техеран аплаудирале од своите прозорци, а гласни извици се слушнале по 23 часот по локално време, на улиците на неколку населби во главниот град на Иран, објавија очевидци.

Ирански активист по име Вахид објави неколку видеа од Техеран на кои се гледаат извици на радост во градот.

„Населението се радува по веста за смртта на Али Хамнеи“, напиша активистот на својот профил на Телеграм.

ВИДЕО+ФОТО | Тел Авив е во пламен, луѓето во паника бегаат од израелскиот главен град

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот