Фото: Икс

ВИДЕО+ФОТО | Тел Авив е во пламен, луѓето во паника бегаат од израелскиот главен град

Жесток ирански противудар со балистички ракети вечерва беше изведен врз израелскиот главен град Тел Авив, а неколку ракети ги избегнале пресретнувачките капацитети и погодиле локации во центарот на градот, каде се слушнале повеќе големи експлозии нешто по 22 часот, јавуваат светските медиуми.

Неколку згради се целосно уништени. Во Тел Авив моментов и натаму беснеат голем број пожари, а според првичните извештаи, еден човек загинал, а повредени се најмалку 20 луѓе.

Снимките објавени на социјалните мрежи го покажуваат хаосот кој настана во моментите на ракетниот напад, како и уништувањето кое го предизвикаа ракетите кои не успеал да ги собори израелскиот антиракетен штит, „железната купола“.

Фото: Икс

Според досегашните информации, во ракетниот удар врз Тел Авив има десетици загинати. Луѓето во паника се обидуваат да избегаат од израелскиот главен град или да стигнат со некое од преполните засолништа.

Иранскиот противудар дојде откако утрово, по неколкунеделни најави, Израел и САД го нападнаа Иран со стотици ракети и авиони, а во нападите, според израелски извори, е ликвидиран целиот државен врв.

Иран денеска ги нападна и американските сојузници во регионот: Катар, ОАЕ и Бахреин.

Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва потврди дека е убиен и врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, чие тело е пронајдено во урнатините на палатата во Техеран.

108 загинати во напад врз женско училиште во Иран, утре е ден на жалост

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот