ВИДЕО | Во Сараево запален автомобилот на раперот Буба Корели

Фото: Инстаграм

Во вторникот во раните утрински часови, околу 2.55 часот, на улицата „Колодворска“ избувнал пожар во автомобил сопственост на сараевскиот рапер Амар Хоџиќ, попознат како Буба Корели, дознава босанскиот портал „Кликс“.

Како што потврдиле од Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево, Буба Корели пријавил во надлежната полиција дека дошло до оштетување на неговиот автомобил и дека од пожарот биле оштетени левиот ретровизор и левата врата од автомобилот.

 

За сè е информирано Кантоналното обвинителство КС, кое го окарактеризирало ова дело како „предизвикување општа опасност“.

Сепак, пожарникарите не излегле на терен, се претпоставува дека пожарот не бил од големи размери.

Да потсетиме, ова не е првпат Буба Корели да се најде во ваква ситуација. Во 2021 година исто така му изгоре автомобилот, а се сомневаше дека се работи за подметнат пожар.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот