ВИДЕО: Во Интер Мајами загрижени поради повредата на Меси

фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Интер Мајами убедливо го совлада Торонто на домашен терен (4:0), но навивачите на домашната екипа немаа многу причини за славење, бидејќи се повреди нивниот најдобар играч Лионел Меси.

Аргентинецот веќе го напушти теренот во 37 минута поради повреда. Меси го пропушти претходниот натпревар против Атланта поради мала болка во мускулите. Против Торонто играше од првата минута, но на крајот од првото полувреме се фати за ногата и побара измена. Очигледно, повредата е посериозна отколку што изгледаше на почетокот.

И Жорди Алба две минути порано го напушти теренот поради повреда, што е сериозен проблем за тимот на тренерот Тата Мартино.

– Се надеваме дека не е нешто сериозно, односно не скинале мускул. Речиси сигурно нема да го одиграат натпреварот против Орландо викендов, па ќе видиме дали ќе бидат подготвени за Купот на САД – рече Мартино.

Интер моментно е на 13 место на Истокот, пет бода помалку од позицијата која води во плеј-офот. До крајот на регуларниот дел остануваат уште пет кола и секој бод е исклучително важен во борбата за место во следната фаза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот