ВИДЕО: Вирален хит на „ТикТок“ – Како да одделите жолчка од белка за неколку секунди

Ако некогаш сте се запрашале како успешно да ја одделите жолчката од белката, не сте сами во ова. Се чини дека ова е вообичаена борба во кујните ширум светот…

Затоа, неодамна еден корисник на социјалната мрежа „ТикТок“ реши да им го олесни животот на илјадници луѓе ширум светот.

Во своето видео, корисникот „@rightguysaldireviews“ го сподели својот „магичен трик“ со кој покажува како за неколку секунди успешно да одделите белки од јајца.

Имено, тој вели дека можете да одделите белки од јајца со едноставно триење на прстите од парче интегрален леб. Потоа, како што покажува и во самото видео, можете едноставно да ги зграпчите жолчките и да ги извадите од белките.

@rightguysaldireviews

#egghack #hack #eggs #viral #fyp #lifehack been doing this for years #rightguysaldireviews #rightguys® #magic #duet #goviral

♬ original sound – Official Right Guys Reviews®

Постојат многу други методи за одвојување, но се чини дека овој начин импресионираше огромен број луѓе, па многумина го нарекоа трикот „генијален“.

Одбивам да верувам дека ова не е некој вид на магија“, напиша еден корисник.

Видеото стана инстант вирален хит и во моментов брои повеќе од 193,400 лајкови и над 4514 коментари од фасцинирани корисници ширум светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот