ВИДЕО | Ветеринар открива: Има четири раси на мачки кои не би ги чувал

Фото: Pexels

Ако сте размислувале да чувате мачка бидејќи бараат помалку грижа и внимание од кучињата, можеби ќе сакате да размислите повторно. Се разбира, мачките не бараат дневни прошетки на отворено и најчесто не се енергични како кучињата, но одредени раси на мачки сепак можат да бидат предизвик – особено ако се склони кон здравствени проблеми или имаат тежок темперамент.

Имајќи го тоа на ум, ветеринарот Бен сподели видео на ТикТок во кое објаснува кои раси на мачки никогаш не би ги поседувал. Тој нагласи дека видеото се заснова на неговото лично искуство како ветеринар.

Бен вели дека првата раса што не би сакал да ја поседува е бенгалска мачка.

Бенгалска мачка / Фото: Pexels / Nika Benedictova

„Сфаќам зошто луѓето ги сакаат, но она што многу луѓе не го знаат е дека тие се хибрид помеѓу видот на дива мачка, наречена азиска мачка леопард, и домашните раси на мачки, така што тие сè уште се прилично диви во смисла на нивното однесување и темперамент“, објасни тој.

Тој вели дека бенгалските мачки можат да бидат агресивни,  па дури и доста опасни при посетата на ветеринар.

Сфинкс мачката е најпозната по недостатокот на крзно и изразената „коскена структура и мускулатура“, а Бен ја истакнува како уште една  раса на мачки што би ја избегнал.

Сфинкс мачка / Фото: Pexels / наталья семенкова

Шкотскиот фолд е уште една раса на која е тешко да се одолее поради на нивните слатки, свиткани уши. Сепак, ветеринарот ги стави и нив на својата листа, бидејќи оваа карактеристична раса се поврзува со здравствен проблем наречен „остеохондродисплазија“.

Шкотски фолд / Фото: Pexels / Thirdman

Остеохондродисплазија е „општ термин за нарушување на развојот на коските и ‘рскавицата“.  Иако состојбата предизвикува дефект на нивните уши, ветеринарто вели дека таа „исто така предизвикува сериозни абнормалности на коскената ‘рскавица“.

За жал, овие проблеми со ‘рскавицата може да доведат до посериозни проблеми како артритис. Бен верува дека е „сурово и неправедно да се поддржува нивното размножување“.

Персиската мачка е последната раса на мачки која Бен посочува дека не би сакал да ја поседува.

Персиска мачка / Фото: Pexels / Nihal Karkala

„Тоа е поради нивното рамно лице кое им создава многу проблеми во однос на здравјето и секојдневниот живот“, објаснува Бен.

Слично на расите на кучиња, персиските мачки имаат генетски создаден нос што ја става расата на зголемен ризик за брахицефалнии проблеми. Освен проблеми со дишењето, страдаат и од проблеми со видот.

@ben.the.vet And now its the cats’ turn! 4 breeds I wouldn’t buy as a vet #learnontiktok #catlovers #miaow #veterinary #benthevet ♬ Waiting For Heartache – BLVKSHP

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот