Велосипедска поворка во Лондон - Фото: SOPA Images, SOPA Images Limited / Alamy / Profimedia

ВИДЕО | Весела велосипедска поворка во Лондон: Повеќе од 1.000 Дедо Мразовци ги обиколија градските знаменитости

Повеќе од 1.000 велосипедисти облечени како Дедо Мраз (Santa) се возеа низ центарот на Лондон оваа сабота за да ја прослават 11-годишнината од „Санта Круз“ (Santa Cruise), хуманитарна велосипедска тура, настан кој стана годишна традиција во градот, пренесува „Ројтерс“.

Овој настан го започна ентузијастот на BMX велосипедизмот, Стефан Рајт, откако доби поддршка од добротворната организација ECHO (Evelina Children’s Heart Organisation) поради неговиот син кој бил хоспитализиран откако преживеал срцев удар на само шест месеци.

Организаторите на велосипедскиот марш рекоа дека првата „Santa Cruise“ (Santa Cruise) започнала со околу 285 луѓе и од тогаш бројот на учесници само расте.

Облечени во црвени костуми и возејќи прилагодени BMX велосипеди, овие весели Дедо Мразови тргнаа од болницата Сент Томас (St. Thomas), а потоа со велосипеди поминаа покрај класични лондонски знаменитости како Вестминстерската опатија и Бакингемската палата.

За време на возењето многумина од велосипедистите собираа донации од минувачите за напорите на добротворната организација ECHO во помагање на деца со срцеви заболувања.

Овој вид на настан не е резервиран само за Лондон, велосипедската поворка на Дедо Мразови (Santa Cruise) секоја година се организира и во Мостар пред Божиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот