Фото: EPA-EFE/PETER POWELL

ВИДЕО | Ван Дајк му донесе триумф на Ливерпул, Сандерленд со прв домашен пораз во Премиер лигата

Фудбалерите на Ливерпул денеска го победија Сандерленд на гостински терен со 1:0 (0:0) во натпреварот од 26 коло во Премиер лигата. Од 2012 година, фудбалерите на Сандерленд чекаат победа над Ливерпул, и ќе продолжат да ја чекаат.

Вечерва, еден гол беше доволен за екипата на Арне Слот да им го нанесе првиот пораз на домашен терен на „Црните мачки“ оваа сезона.

Голот вреден три бода го постигна Виржил ван Дајк во 61 минута. По корнерот изведен од Салах, Холанѓанецот, во свој стил, ја испрати топката со глава во мрежата.

Иако претежно надиграни, домашните имаа неколку добри шанси за израмнување во последните минути од натпреварот, но Ливерпул го задржа водството и сега има 42 бода, што го става на шестото место на табелата..

Важниот триумф на Ливерпул беше засенет од повредата на Ватару Ендо, која изгледаше доста сериозна бидејќи јапонскиот играч на „црвените“ беше изнесен од теренот на носилки во 69 минута.

Сандерленд кој го претрпе осмиот пораз сезонава, трет во последните четири натпревари, се наоѓа на 11 позиција со 36 бодови, колку и Њукасл на 10 место.

Ливерпул следниот натпревар ќе игра на гостински терен против Нотингем форест во Премиер лигата, додека Сандерленд ќе биде домаќин на Фулам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот