ВИДЕО | Ужас во Шпанија: 14-годишен тинејџер избоде неколку наставници и ученици во училница

Тинејџер избоде наставници и ученици во средно училиште во Шпанија/Фото: Скриншот/Х

Тинејџер денеска со нож нападна тројца наставници и ученик во средно училиште во јужниот шпански град Херез де ла Фронтера, соопшти локалната полиција за Ројтерс.

Тинејџерот е уапсен од полицијата, која повеќе информации ќе објави во текот на денешниот ден. Според првите информации има многу повредени но нема загинати.

Според Дејли Мејл, сторителот има 14 години. Британскиот весник наведува дека во нападот се повредени пет лица, тројца наставници и двајца ученици.

Според пријавата, младиот човек утринава кога почнувала наставата влегол во училницата, од ранецот извадил голем нож и почнал да го боде секој што ќе поминел.

Откако ги нападнал соучениците и се обидел да ги држи како заложници, наставниците му пришле на тинејџерот во обид да го спречат. Тогаш избодел наставник во око и повредил уште двајца учители.

Полицијата која пристигнала на местото на настанот брзо ја евакуирала зградата и го уапсила тинејџерот.

Наставникот повреден во окото е пренесен во болница во критична состојба. Нема информации за состојбата на останатите повредени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот