ВИДЕО | Уште едно урнебесно издание на Сергеј: Опа – опа – иха – иха

Сергеј Варошлија
Инсерт од емисијата Sergej Reinvented/Фото: Screenshot

Третата епизода од новиот серијал за мода, нега и убавина „Sergej Reinvented“ носи нови корисни совети за дамите – како да ги истакнат своите веѓи и да изгледаат привлечно, а не нападно.

Make up за веѓи по препорака на Сергеј/ Фото: Скриншот

Сергеј го анализира тековниот тренд околу исцртувањето на веѓите и производите за таа употреба во рубриката „Индустрија за убавина“.

Модниот гуру во оваа епизода се осврна и на машката мода, нагласувајќи го екстремниот изглед и чудната естетика во овој домен, но со цел да ги потенцира различностите кои доаѓаат во денешно време. „Во модниот свет важно е да си интересен и да привлечеш внимание“, нагласува Сергеј.

Машката мода под лупата на Сергеј/Фото: Скриншот

Во рубриката „Модна катастрофа“ Сергеј го коментираше стилот на водителката Јелена Спенџарска, на која заедно со неговиот помошник „д-р Никола“ на крајот ѝ понудија вакцина за невкус.

Ново урнебесно шоу на Сергеј/Фото: Скриншот

Интересен преседан направи Сергеј, кога инспириран од безвременскиот стил на филмската дива Одри Хепберн, својата „помошничка“ Кека ја претвори во старлетата Ким Кардашијан.

Плакарот на Кека/Фото: Скриншот

Секогаш отворен и искрен, Сергеј и овој пат одговараше на прашањата од гледачите, па проговори за своето искуство со ботоксот и на што треба да се внимава, а интригантен е неговиот одговор на прашањето со кого би сакал да оди на вечера. Кралицата Елизабета или пак Мерлин Монро, што одбра тој, погледнете во новото издание на „Sergej Reinvented“ на неговиот YouTube канал:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот