ВИДЕО | Дожд и громови во студиото: Сергеј понуди „вакцини за невкус“ за мисицата и без цензура одговори на провокативни прашања

Инсерт од втората епизода на емисијата „Sergej Reinvented"/Фото: Скриншот

Модниот гуру Сергеј во втората епизода од серијалот за мода и убавина „Sergej Reinvented“ ги надмина очекувањата на публиката. Доследен дека ќе го едуцира понежниот пол од публиката, понуди корисни совети за избор на коректор за под очи.

„Дали вредат скапите производи или пак драгстор производите“, е прашање кое ги мачи сите жени при изборот на производите за нега на лице, тело и коса, а Сергеј и овој пат ги решава сите дилеми на својствен начин.

Во рубриката „Мода In&Out“, Сергеј ги анализираше настапите на црвениот килим на холивудската дива Анџелина Џоли, која доби апсолутни пофалби за стајлингот, освен во еден случај па Сергеј и порача да си ја смени „чешларката“.

Му се јави и „Злобницата“/ Детаљ од новата епизода/ Скриншoт

На тапет како „Модна катастрофа“ Сергеј ја стави Мис на Северна Македонија и ги покажа лошите стајлинзи и позирања заради кои мораше да воведе интервенција „вакцини за невкус“ и повика итна вакцинација на луѓето со ваков проблем кои се појавуваат во модниот свет.

„Вакцини за невкус“ – Сергеј објаснува зошто треба да се воведат/ Фото: Скриншот

Од корисните совети се издвојуваат и оние за љубителите на стилот на Џенифер Лопез и Сергеј покажа како од едно евтино ќебенце во малопродажба може да се искреира вистински моден додаток во овие есенски денови.

Меѓу прашањата на кои и овојпат одговараше искрено Сергеј беше и едно приватно, за сексот. Погледнете ја целата епизода за да го слушнете интригантниот одговор, како и за тоа зошто ги мрази хулахопките со бисер сјај и што мисли за луѓето со вишок килограми.

Следното издание на „Sergej Reinvented“ е во недела во 19 часот на YouTube каналот на шоуменот за кого вечерва пристигнаа и првите коментари во живо колку и недостасувале на публиката неговите совети и забелешки, секако како позитивна критика за подобрување на сечиј стил и изглед во секојдневието.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот