ВИДЕО | Сергеј со ново урнебесно шоу за мода, трендови и стил: Без влакна на јазикот за Елена – „Живот без стил“, Тамара и Боки 13, Ким Кардашијан и Ријана

Sergej Reinvented
Стартуваше новот модно шоу Sergej Reinvented/ Фото: Screenshot/YouTube

Вечерва точно во 19 часот стартуваше премиерно новата емисија на популарниот стилист и тренд сетер Сергеј Варошлија – Sergej Reinvented.  Модното шоу кое со нетрпение го очекуваше публиката постави нови стандарди кога е се во прашање модата, трендовите и стилот кој се негува на домашната и на странска сцена.

Емисијата е составена од 5 сегменти и Сергеј овој пат понуди совети за секоја жена која сака да изгледа модерно, шик и да плени со својот изглед во секојдневните прилики.

„Индустрија за убавина“ е рубриката каде Сергеј направи рецензија на производи за убавина, овојпат тоа беа кармини кои ги анализираше според квалитет и цена, а сподели и совети за тоа како се навлегува подетално во индустријата за убавина.

Во рубриката Мода In&Out Сергеј направи преглед на модните трендови кај нас и во светот, што е in, што е out, што се случува на светската модна сцена и дали нешто од тоа може да го видиме и кај нашите јавни личности. Тој зборувајќи за светскиот џет сет го искоментира стајлингот на популарната старлета Ким Кардашијан, пејачката Ријана и други и ја пофали Тамара Тодевска за својот изглед.

Рубриката „Модни катастрофи“ со која Сергеј остави посебен печат продолжи и во новото издание па гледачите ќе може да погледнат која од македонските јавни личности е на „тапет“ кај Сергеј поради своите модни промашувања. Вечерва Сергеј во свој стил го коментираше стајлингот на водителката Елена од емисијата која тој ја нарече „Живот без стил“ и тоа го образложи.

Она што е новитет е секако „Плакарот на Кека“ или како може да рекреирате изглед на некоја позната личност со парчиња облека кои веројатно ги имате по дома или по плакарите на вашите блиски и како тој концепт да го „модернизирате“, да го направите посекојдневен и да го прилагодите на вашиот стил.

На крајот Сергеј одговараше и на прашања од гледачите, како што само тој знае најдобро – без филтер и цензура. Директно одговори и на прашањето во какви односи е со Боки 13: Тој бил, е и ќе остане мој пријател“, искрен е Сергеј.

Веднаш по премиерата „Слободен печат“ успеа да добие ексклузивен коментар од Сергеј.

-Навистина ми е драго што материјалот кој го подготвувавме веќе неколку месеци конечно се сподели со јавноста! После 2 години медиумско отсуство, јас сум навистина среќен што повторно можам да го правам тоа што навистина го сакам – да се дружам со публиката притоа коментирајќи ги сите аспекти кои јас лично ги следам и практикувам секој ден – убавина и мода. Форматот е различен и диманичен, содржината е испланирана и можам да ви кажам дека ќе станува само поинтересно. Сигурен сум дека ќе и се допадне на публиката (и на фановите и на хејтерите 😊) и со нетрпение го очекувам следниот период!, изјави Сергеј по премиерата на првата емисија од шоуто.

Првата епизода можете да ја погледнете на следниот линк:

Термин за прикажување останува секоја недела од 19:00 на официјалниот YouTube Канал Sergej Reinvented.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот