ВИДЕО | Урнебесна пародија со македонските власти: „Не се плашам, знам кој нè чува!“
Со почетокот на нападите на Израел и Соединетите Американски Држави врз Иран и на возвратните ирански удари врз цели во низа земји на Блискиот Исток кои се американски сојузници, меѓу кои и Обединетите Арапски Емирати, на социјалните мрежи тренд стана „инфлуенсери“ да објавуваат видеа со текстот „Не се плашиш ли? Живееш во Дубаи!“. Веднаш по ова, во пропагандните видеа за тамошните власти, следува одговорот: „Не, затоа што знам кој нè чува“, а сето тоа е проследено со пригодна музика и снимки од државното раководство, кое некаде гордо чекори.
Препорачано
Овие видеа, кои потекнаа од „Тикток“, беа широко прифатени од многумина на социјалните мрежи, но, се чини, еднакво бројни беа и луѓето кои ги исмеваа и пародираа, правејќи слични видеа за своите земји.
Непознат корисник на „Икс“ се инспирирал и направил пародија на вакво видео со македонските власти – таа е подолга од оригиналните и можат да се видат некои од највпечатливите снимки од премиерот Христијан Мицкоски, претседателката Гордана Сиљановска Давкова и други високи функционери, речиси совршено комбинирани во духот на ваквите видеа на социјалните мрежи.
Можеби единствената слабост на видеото е музичката подлога – виралниот хит направен со вештачка интелигенција „Papaoutai (Afro soul)“ атмосферата ја „влече“ повеќе кон Африка отколку кон Блискиот Исток. Но, во секој случај, видеото вреди да се погледне:
Гасете интернет… доста е. pic.twitter.com/Z7niIHbvzx
— Робусна Акција (@RoAcX87v2) March 4, 2026


