ВИДЕО: Украинците во Одеса со вреќи песок ќе го бранат градот и земјата од можен воен напад

Млади мажи кои носат вреќи со песок за да ги натоварат во камиони / Фото: Твитер

Украинците во Одеса, град на Црното Море во јужна Украина, формираа човечки синџир за полнење вреќи со песок во подготовка за можен руски напад.

Новинарот на Си-Ен-Ен, Ник Патон Волш, покажа синџир од претежно млади мажи кои носат вреќи со песок за да ги натоварат во камиони и да ги донесат во центарот на градот, кој е трет по големина во Украина и популарна туристичка дестинација.

Жителите се загрижени поради руското амфибиско слетување на брегот, објави Патон Волш, особено затоа што естонски брод потона во градското пристаниште во четвртокот. Бродот бил погоден од руска артилерија, се наведува на официјалниот Твитер профил на украинскиот парламент.

ВО ЖИВО | Нови немири во Украина, нападната најголемата нуклеарна централа, вести од минута во минута

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот