ВИДЕО | Ученици вежбаа евакуација при земјотрес: Најважно е да не се шири паника, спасувачите се подготвени за интервенција

Ученици вежбаа евакуација при земјотрес: Најважно е да не се шири паника/ Фото МИА

Доколку стресе земјотрес за време на училишна настава, не треба да се шири паника. Во овој случај, најпрво треба да бидат евакуирани сите ученици и вработени во училиштето.

По евакуирањето, пожарникарите вршат проверка во просториите, во потрага по заглавени ученици или наставници. Доколку има повредени, пожарникарите, со тимовите на Црвениот крст и Дирекцијата за заштита и спасување кои се на теренот, им помагаат на повредените.

Доколку по земјотресот дојде до пожар, спасувачите со јажиња можат да ги спасат заглавените, кои треба само да ги следат упатствата дадени од пожарникарите. Откако тие со помош на јажиња, преку прозорците ќе бидат извлечени на безбедно, ќе бидат прегледани од страна на здравствените лица.

Вака се одвиваше денешната спасувачката акција по повод Меѓународниот ден на цивилната заштита, во која учествуваа тимовите на Дирекцијата за заштита и спасување, Црвениот крст и Пожарната служба во ООУ Кузман Јосифовски-Питу, кои одржаа заедничка вежба во која претставија како треба да се одвива една евакуација при земјотрес.

„Денес решивме да направиме една симулациска вежба, со тоа што беше прикажано спасување на луѓе од урнатини при случување на земјотрес и последователен пожар“ изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути.

Командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита Звонко Томески вежбата ја оцени како успешна.

-Ваквите вежби ни даваат можност да ги увежбаме и нашите сили во сучај на елементарни непогоди од овој вид како што имаме случај и во Репубика Турција. Се надевам се ќе остане само на вежба, ама подготовката е секогаш најважна да имаме подготвени институции кои ќе реагираат во секој момент, рече Томески.

Од Црвен Крст изразија целосна подршка за ваквите иницијативи, сопштија дека изминатата година имало над 5 500 ученици и персонал кои поминале слични вежби и зиразија надеж дека ваквите вежби ќе продолжат и во иднина.

Директорот на ООУ Кузман Јосифовски Питу Скопје, Андреја Стојанов изјави дека училиштето сериозно ја сфатило задачата, со цел оваа вежба да помине во најдобар ред. Тој вели дека дојавите за бомби со кои се соочуваат, како и земјотресот во Турција ги натера да бидат благодарни на ваквите вежби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот