ВИДЕО | „Тужи ја за сексуално вознемирување“: Обожавателка го фати Малума за меѓуножјето

Малума
Фото: Инстаграм/Малума

Колумбискиот пејач Малума (29) е еден од најпознатите латино изведувачи, чии песни имаат милионски прегледи на музички платформи, а неговите концерти се многу посетени секаде ширум светот.

Во саботата, латино заводникот одржа концерт пред своите обожаватели во Монтвил, во сојузната американска држава Конетикат. Малума бил пречекан од многубројната публика, а дел од нив имале можност одблизу да го поздрават и гушнат. Сепак, една обожавателка ја преминала границата и го допрела за гениталиите.

Фото: Инстаграм/Малума

Како што може да се забележи на видеата, кои го сведочат моментот, пејачот бил шокиран од оваа неочекувана и непристојна постапка на обожавателката, по што застанал и ѝ посочил дека тоа што го направила е погрешно.

Корисниците на социјалните медиуми се згрозени од ситуацијата и му советуваат на пејачот да ја тужи жената за сексуално вознемирување.

ВИДЕО | Бизарен „подарок“ за Малума: Обожавател му фрли патерица за време на настап

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот