ВИДЕО | Бизарен „подарок“ за Малума: Обожавател му фрли патерица за време на настап

Фото: Принтскрин/ Твитер

Обожавателите често им фрлаат подароци на нивните омилени изведувачи додека настапуваат, како градници, гаќички, рози, мечиња, а сега очигледно и патерици. Тоа е случај со латино-ѕвездата Малума, кој моментално е на неговата светска турнеја „Дон Хуан“, пишува „Билборд“.

Во видеото кое стана вирално, се забалежува како обожавател од публиката фрла патерица кон колумбискиот пејач, додека тој ја изведува својата песна „Mojando Asientos“.  Она што е изненадувачко е неговиот многу брз рефлекс, да ја фати патерицата со едната рака.

Уште поинтересен е неговиот однос кон „подарокот“ кој прелета на сцената. Наместо да ја прекине песната и да го повика обожавателот, Малума само се насмеа и ја искористи патерицата како реквизит за својот настап.

Малума ја започна турнејата во Америка на 31 август во Сакраменто, Калифорнија, и досега, меѓу другото, имаше настапи во Сиетл, Лос Анџелес и Феникс.

Таа ќе се одржи во 30 градови, а треба да заврши на 4 ноември во Мајами. Се очекува Малума да ги посети обожавателите и во Лас Вегас, Хјустон, Чикаго, Бостон, Атланта, Орландо и многу повеќе.

Светската турнеја „Дон Жуан“ ја следи неговата успешна светска турнеја „Папи Хуанчо“, која се одржа низ САД, Европа, Азија, Латинска Америка и Блискиот Исток од 2021 до 2022 година.

Во продолжение погледнете го видео со Малума како ја фаќа патерицата:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот