ВИДЕО | Трик за миење загорени тави без метална жица: Потребни ви се само едно овошје и врела вода
Доколку и покрај силното рибање забележувате кафеави траги на тавите и тенџерињата, причината најчесто е загорена маснотија, минерали од тврда вода или оштетување предизвикано од висока температура. Иако овие дамки најчесто не се опасни, многумина ги доживуваат како неестетски и тешки за отстранување.
Препорачано
Корисничка на Тикток по име Ел тврди дека открила метод кој, како што вели, може целосно да ви го „промени животот“, бидејќи делува дури и кај навистина валкани и загорени тави, пренесува „Индекс“.
@ellekresshealth Don’t throw your stainless steel out if there is brown marks on it until you try this! #stainlesssteel #cleaninghack #fyp ♬ original sound – Elle Kress Health | Lifestyle
Постапката е едноставна и не бара агресивно рибање. Најпрво, ставете ја тавата или тенџерето на шпорет. Потоа, пресечете лимон на половина и исцедете го сокот директно во садот. Вклучете го шпоретот на втората најсилна температура и додајте врела вода од електричното бокалче.
Оставете мешавината од вода и лимон да зоврие. Кога ќе почне да врие, со дрвена лажица нежно поминете преку кафеавите дамки. Тие треба постепено да почнат да се одвојуваат од површината, што е знак дека процесот делува.
Потоа тргнете го садот од ринглата, внимателно истурете ја жешката течност и исплакнете ја тавата. На крај, лесно измијте ја со сунѓер. Кафеавите дамки би требало целосно да исчезнат.
Зошто лимонoт е толку ефикасен?
Тајната на оваа метода лежи во лимонската киселина, која дејствува како природно средство за чистење. Таа ги раствора минералните наслаги, ја отстранува промената на бојата и ја разградува загорената храна и дамките предизвикани од топлина.
Дополнително, лимонот има и природен избелувачки ефект, што помага при отстранување на тврдокорните кафеави траги и го враќа металот во неговиот првобитен сјај – без употреба на метална жица и агресивни хемикалии.


