ВИДЕО | Трамп порачал храна од „Мекдоналдс“ во Белата куќа, на доставувачката ѝ дал бакшиш од 100 долари
Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ дал бакшиш од 100 долари на доставувачката која му донела храна од „Мекдоналдс“ во Овалната соба, во потегот за кој рекол дека „воопшто не е инсцениран“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Трамп ѝ ги предал парите на Шерон Симонс од Арканзас, а моментот го забележал фотограф од новинарската екипа што ги следи настаните во Белата куќа.
Настанот бил организиран за да се промовира одредбата во републиканскиот закон со кој се ограничува оданочувањето на бакшишот.
President Trump receives DoorDash McDonald’s order and speaks with delivery driver: “I think you voted for me?”
Delivery driver: “Maybe.” pic.twitter.com/WRRqlLhxOd
— CSPAN (@cspan) April 13, 2026
Шерон Симонс по испораката рекла дека оваа мерка ѝ помага, но ги истакнала и проблемите со зголемувањето на цените на горивата поради војната во Иран.
– Цените на горивата нè погодуваат сите нас. Тоа не е само наш проблем, туку на сите – рекла таа.
Симонс додала дека „ДорДаш“ нуди одредени олеснувања за возачите.
– „ДорДаш“ е добра компанија, тие имаат програми за помош и разни поттикнувања кои ни помагаат да се справиме со цените на горивата. А „без данок на бакшишот“ исто така значи многу – рекла таа.
„ДорДаш“ е најголемата американска платформа за достава на храна и намирници. Основана во 2013 година во Сан Франциско, „ДорДаш“ држи повеќе од 65 отсто од пазарот за достава во САД.
Како и европските конкуренти, функционира преку апликација што ги поврзува купувачите, рестораните и доставувачите, коишто ги нарекуваат „Дашерс“.
Компанијата станала глобално препознатлива во текот на пандемијата на коронавирусот, а денес нуди и достава од продавници, аптеки и цвеќарници. Главната разлика во споредба со европскиот пазар е исклучително силната култура на бакшиш, кој во САД често сочинува значаен дел од вкупната заработка на доставувачот.
Портпаролот на „ДорДаш“, Џулијан Кроули, рекол дека компанијата започнала програма за итна помош што вклучува враќање од 10 отсто на трошоците за гориво.
Инфантино: Трамп повтори дека Иран е добредојден да игра на Светското првенство 2026
Трамп ја избриша сликата во која е како Исус, се правда оти сакал да каже: „Јас сум како доктор“


