ВИДЕО| Трамп до демонстрантите: Знам дека ви е тешко, но, вратете се дома

Доналд Трамп/ Фото: ЕПА

Не сакаме никој да биде повреден. Ве сакаме, посебни сте, видовте што се случува“, порача Трамп.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, преку видео порака на Твитер ги повика неговите приврзаници кои упаднаа во Капитол Хил да заминат дома, повторно напоменувајќи дека „изборите се украдени и дека сите се свесни за тоа.“

„Знам дека ве боли, имавме избори кои ни беа украдени и тоа сите го знаат, но, сега мора да заминете во своите домови. Мора да имаме мир, да имаме ред и закон. Не сакаме никој да биде повреден. Ве сакаме, посебни сте, видовте што се случува“, порача Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот