ВИДЕО | Трагедија во Мексико: Превртен камион со мигранти, најмалку 53 мртви

Камион со мигранти се превртел во Мексико, 53 мртви EPA-EFE/Carlos Lopez

Најмалку 53 лица, главно мигранти од Централна Америка, загинале откако камион со приколка што ги превезувал се превртел во јужниот дел на Мексико.

Според Ројтерс, ова е една од најтешките несреќи што ги снашле мигрантите, кои ги ризикувале своите животи за да стигнат до САД.

Приколката на камионот се отворила, а мигрантите испаднале од неа откако камионот изгубил контрола во острата кривина надвор од градот Тукстала Гутиерез во мексиканската држава Чиапас, се вели во видеото објавено од властите за цивилна заштита.

Најмалку 53 мртви мигрнати во Мексико/ ФотоEPA-EFE/Carlos Lopez

Државното обвинителство соопшти дека загинале 53 лица

Неколку десетици луѓе се повредени и пренесени во болниците во Чиапас, која граничи со Гватемала.

Повеќе од 100 луѓе патувале во приколката, соопштија властите.

Сликите на Ројтерс покажуваат превртена бела приколка на автопатот, со повредени луѓе расфрлани по земјата.

На снимката се гледаат и редови од нешто што личи на телата на жртвите завиткани во бела ткаенина.

Меѓу загинатите има мажи, жени и деца, соопшти владата на Чиапас, а мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор ја изрази својата тага на Твитер поради „многу болниот“ инцидент.

Видео на денот