Во експлозија во куќа во Верона загинаа тројца карабинери/Фото: Икс

ВИДЕО | Трагедија при иселување во Италија: Станарите ја наполниле куќата со гас, тројца полицајци загинаа во експлозија

Операцијата за иселување на тројца луѓе, двајца браќа и сестра, од селска куќа кај Верона, Италија, завршила трагично кога, додека полицајците ја отворале вратата, се случила огромна експлозија од гасот со кој станарите го наполниле објектот.

Во инцидентот загинаа тројца карабинери, а 15 карабинери и војници беа повредени.

Како што беше најавено, животот го загубија поручникот Марко Пифари, карабинерот Давиде Бернардело и наредникот Валерио Дапра.

Експлозијата била толку силна, што двокатната куќа целосно се урнала врз карабинерите и војниците.

Според италијанските медиуми, куќата била полна со гас, а експлозијата била предизвикана кога била отворена влезната врата.

Според „Кориере дела Сера“, ова не е прв пат тројцата браќа, на возраст од околу 60 години – двајца се уапсени, а третиот се бара – да се обидат да го спречат иселувањето на ист начин.

Во октомври 2024 година, браќата повторно ја наполниле селската куќа со бензин, по што иселувањето било одложено, додека една година претходно, еден од тројцата браќа се полил со бензин и се заканил дека ќе се запали.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот