ВИДЕО | Тотовски: Се вративме со златен медал од Светско првенство во е-спорт

Бобан Тотовски, е-спорт / Утрински брифинг
Бобан Тотовски, е-спорт / Утрински брифинг

ветот на е-спортот е посебна категорија на спорт. Деновиве имаше светско првенство во е-спорт кој е сосема поинаков од оној спорт то го гледаме на ТВ каналите. За првпат од ова првенство се вративме со златен медал за „Кантер страјк“.

-Настанот се одржа во Израел. Цената на чинење за овој настан е 2-3 милиони евра, а работат околу 200 луѓе. Успеавме во еден вакуум простор креиран од ковид пандемијата да ја покажеме вредноста на овој спорт, вели Бобан Тотовски.

Нашата Федерација е една од најстарите и сме учествувале на многу натпревари уште од 2005 година. Е-спортот во Македонија е на многу високо ниво. Од 2020 сме членови на Македонски олимписки комитет. Ова е многу поразличен спорт од другите оти секој натпревар зависи од издавачите на игрите, а не од државите.

Годинава на светското првенство во „Кантер страјк“ учествуваа 12 земји, но претходно моравме да поминеме многу регионални натпревари. Следната година светското првенство ќе се одржи во Бали.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот