ВИДЕО | „Тостираните“ нокти на Џенифер Лопез се есенски хит: Неутрални и елегантни – совршено се совпаѓаат со боите на сезоната
Не знаеме дали забележавте, но речиси сите трендови за убавина на почетокот на оваа сезона инсистираат на – топлина. Софистицираниот минимализам се рефлектира во палетите за шминка, но и во салоните за маникир, каде што таканаречените „тостирани“ нокти (toasted nails) сè повеќе се бараат. Тие веќе го освоија Инстаграм и црвените теписи, а по варијантата „pimpkin spice“ што ја видовме на рацете на Селена Гомез и Марго Роби, која претпочита елегантни нијанси на шампањ, за сличен стил на „тостирани нокти“ се одлучила и Џенифер Лопез.
Препорачано
View this post on Instagram
Наместо светли бои, тука акцентот е ставен на топол, повеќедимензионален финиш кој изгледа неутрално од далеку, но одблизу открива суптилна елеганција и софистицираност, објаснува експертот за маникир Том Бачик и додава дека „тостираните“ нокти имаат моќ да им дадат дури и на едноставните нијанси нешто посебно, но на суптилен начин и без претерување, поради што брзо станаа најжешкиот тренд оваа есен. Дури ниту Џенифер Лопез не им одолеа.
– Уметноста на ноктите денес има минималистички став. Совршениот „тостиран“ маникир комбинира гола основа со палета која се движи од нежни розови тонови до сјаен сатенски ефект, кој можете да го користите врз која било боја за да ги „тостирате“ вашите омилени есенски нијанси – вели Бачик.
„Гламур“ открива дека Том црпи инспирација од шминката – од образите „обоени“ од сонцето и златните хајлајтери.
View this post on Instagram
Прецизната подготовка на ноктите е клучна за совршен изглед: прво обликувајте ги (пократки, квадратни и суптилни!), потоа нанесете основа, два слоја боја и сјај за блескав финиш.
Џеј Ло ја избрала еспресо варијантата – кафеава, со ефект на „прелевање“. Толку многу ѝ се допадна што ја носеше на два настани. Совршено ја комбинираше со фустан во гола нијанса и жолта комбинација, двата пати носејќи чантичка „Lee Lineage“ во иста нијанса како и нејзините „тостирани нокти“. Па, да кажеме само дека, покрај одличните модни изданија, тие ја украдоа претставата од шармантната актерка и пејачка…
View this post on Instagram


