ВИДЕО: Торган Азар ги симна Роналдо и Португалија од европскиот трон

epa09306625 Belgium players celebrate after scoring the 1-0 lead during the UEFA EURO 2020 round of 16 soccer match between Belgium and Portugal held at La Cartuja Sevilla stadium, in Seville, Spain, 27 June 2021. EPA-EFE/HUGO DELGADO

Европскиот шампион Португалија  ја заврши одбраната на титулата на Евро 2020 во осминафиналето откако загуби со минимални 1:0 од Белгија.
Белгијците не брилјираа, не го ни надиграа актуелниот европски шампион, но затоа го постигнаа единствениот гол. Торган Азар во 42 минута со фантастичен шут ја затресе мрежата на Руи Патрисио.
Португалија имаше подобри шанси на натпреварот, Диего Жота два пати имаше можност да го совлада Тибо Куртоа, додека Рафаел Гереро ја погоди стативата, но топката не влезе во голот на Куртоа.
Иако победија, се чини дека сметката скапо ја платија бидејќи поради повреди останаа без двајцата најдобри играчи, Кевин де Брујне и Еден Азар.

Белгија во четвртфиналето на 2 јули во Минхен ќе игра против Италија. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот