фото: принтскрин/youtube.com/@SuperligaRs1

ВИДЕО | Тодороски со гол од слободен удар во финишот му донесе бод на Спартак

Денеска во 12 коло од најдобрата српска фудбалска лига екипите на ОФК Београд и Спартак Суботица ремизираа 1:1.

Домаќините водеа од деветтата минута со голот на Влијтер кој беше прецизен од белата точка.

Во самиот финиш од натпреварот македонскиот интернационалец Андреј Тодороски со гол од слободен удар му донесе бод на Спартак.

За нашиот 25-годишен играч ова е веќе четврти погодок сезонава во првенството на Србија.

На табелата во шампионатот екипата на Спартак Суботица е на 14 позиција со девет бодови.

Во следното коло тимот на Тодороски на 26 октомври ќе ја пречека Црвена звезда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот