Бритни Спирс со синовите / Фото: Скриншот/ТикТок

ВИДЕО | „Тоа ѝ го лекува срцето“ – Бритни Спирс поминува квалитетно време со синовите по апсењето

Поп-ѕвездата Бритни Спирс имаше ретка и емотивна средба со своите синови, 20-годишниот Шон и 19-годишниот Џејден, со кои помина време на заедничко пловење викендов.

Пејачката, која ги има синовите од бракот со Кевин Федерлајн, сподели видеа и фотографии на социјалните мрежи, на кои може да се види како тројцата уживаат на брод. Ова е особено значајно, имајќи предвид дека нивните средби во последниот период беа ретки, а односите – сложени.

@popcircusicon Britney Spears reunited with boat of her sons on a ship!!! | #britneyspears #fyp #princessofpop #finnalyback #babyonemoretime ♬ som original – alberto


Средбата доаѓа по турбулентен период за пејачката, која на почетокот на март беше уапсена под сомнение за возење под дејство на алкохол.

По инцидентот, Спирс започнала редовно да посетува состаноци на „Анонимни алкохоличари“, каде, според извори блиски до неа, отворено зборува за своите предизвици и процесот на закрепнување.

Нејзините синови, кои живееле на Хаваи, во последните недели се повеќе време поминуваат со мајка си, што, како што наведуваат извори, позитивно влијае на нејзината емоционална состојба.

„Многу е среќна што повторно се блиски. Тоа ѝ го лекува срцето“, изјавил извор близок до пејачката.

Спирс, која неодамна поминува низ период на лична трансформација, очигледно се обидува да воспостави нова стабилност во животот – со фокус на семејството и сопственото здравје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот