ВИДЕО: Тигрес без шанси, Баерн е светски шампион

epa09005163 Benjamin Pavard (C-L) of Bayern Munich celebrates with teammate Joshua Kimmich (C-R) after scoring the opening goal during the final soccer match between Bayern Munich and Tigres UANL at the FIFA Club World Cup in Al Rayyan, Qatar, 11 February 2021. EPA-EFE/NOUSHAD THEKKAYIL

Фудбалерите на Баерн Минхен се нови светски шампиони откако во финалето на Светското клупско првенство кое се играше во Катар го совладаа мексиканскиот Тигрес со 1:0.

Баварците со триумфот над Тигрес, обединија дури шест различни трофеи и сега тие во своите витрини ги имаат пехарите од Бундеслигата, германскиот Куп и Суперкуп, Лигата на шампионите, европскиот Суперкуш и сега пехарот од Светското клупско првенство.

Баерн до победата над шампионот на Конкакаф зоната, дојде со голот на Бенжамин Павар во 59. минута, а многу лесно можеше да се случи да забележат и поубедлива победа, потполно доминираа од првата до последната минута.


Доминацијата на баварците најдобро се отсликува преку статистиката, фудбалерите на Ханси Флик упатија дури 19 шутеви кон голот, додека Тигрес упати само три удари.

Со победата на Баерн Минхен продолжи доминацијата на европските екипи на Светското клупско првенство, и последен пат кога тим од Стариот континент не беше шампион се случи пред девет години кога славеше Коринтијанс.

Третото место на Светското клупско првенство му припадна на египетскиот Ал Ахли кој по подобро изведување на пенали со 3:2 го совлада Палмеирас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот