Фото: Радио Кочани / Фејсбук / скриншот

ВИДЕО | Тензии меѓу жителите на Блатец и луѓето од фирмата што сака да гради хидроцентрала

Владата ѝ препорачала на општина Виница да му овозможи на концесионерот да гради, а рокот за почеток на изградбата го продолжила до 7 март

Жителите на виничкото село Блатец деноноќно стражарат и го блокираат пристапот за машините на приватна компанија на која државата ѝ дала дозвола за изградба на хидроцентрала на реката Блатешница. Вчерашните разговори меѓу претставници на жителите и луѓето од Министерството за енергетика не донеле конкретно решение, јавува телевизијата „24“.

Луѓето од Блатец не отстапуваат од нивното барање за целосно поништување на концесијата доделена од Владата. Тие остануваат на терен и со жив штит не дозволуваат движење на градежна механизација кон локацијата, стравувајќи од еколошки и други последици.

Според ТВ24, Владата ѝ препорачала на општина Виница да му овозможи на концесионерот да гради. Официјално од Владата велат дека рокот за почеток на градежните работи е продолжен до 7 март.

Инвеститор на малата хидроелектрана е компанијата „Енерџи лукс“ од Кочани, која досега се нема огласено откако жителите на Блатец излегоа на протестната блокада.

Меѓу луѓето од Блатец и претставниците на фирмата денеска имаше тензии и ситуацијата беше на работ на инцидент. Блокадата во Блатец продолжува.

ВИДЕО | Жителите на Блатец на стража за Блатешница: Реката е живот, не дозволуваме хидроцентрала

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот