Ирански напад врз Тел Авив/Фото: Mostafa Alkharouf / AFP / Profimedia

ВИДЕО | Тел Авив погоден од ирански ракети, најмалку шестмина се полесно повредени

Шест лица се полесно повредени во Тел Авив по нов ирански ракетен напад кратко по 7 часот наутро, според службата за итни случаи Маген Давид Адом.

Извештаите укажуваат на повеќе точки на удар во центарот на Тел Авив по најновиот бараж од ракети лансиран од Техеран, пренесува Тајмс оф Израел.

Израелските служби за итни случаи соопштија дека испратиле спасувачки екипи на различни локации во централниот дел на земјата каде што се регистрирани последиците од нападот.

Израелските власти утрово соопштија дека од Иран кон Тел Авив била лансирана само една ракета. Се верува дека станува збор или за нова варијанта на балистичка ракета со среден дострел или за нов вид дисперзивна боева глава, која содржела 3-4 големи бомби со тежина од околу 100 килограми кои паднале на земја.

Техеран жестоко го нападна Израел откако Трамп се повлече од планот за удари врз енергетиката

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот