ВИДЕО | Тамара Драгичевиќ излезе од породилиште: Актерката покажа како изгледа два дена по породувањето
Актерката Тамара Драгичевиќ, која на свет го донесе синот Борис, излезе од породилиштето и заедно со сопругот, актерот Петар Бенчина, се огласија на социјалните мрежи. Таа покажа како го поминува времето со семејството, два дена по породувањето.
Препорачано
Бенчина на својот инстаграм-профил објави видео на кое се гледа како тој и неговата сопруга која го роди нивното трето дете, уживаат во зајдисонцето на нивната тераса, а во еден момент во кадар се појавува и нивниот постар син.
Пред Тамара да замине од породилиштето, актерот објави и фотографија од сопругата со синот од прозорецот на породилиштето, додека актерката објави видео на кое нејзиниот сопруг и мавта од паркингот.

Да потсетиме, Тамара Драгичевиќ и Петар Бенчина веќе имаат две деца, ќерката Сташа и синот Лазар, а својот трет син го нарекоа Борис.
Инаку, Тамара по вечерното излегување отишла во породилиште, а тоа го открил нејзиниот сопруг.
„Утрово околу четири и пол по излегувањето во град застанавме кај „Драгиша Мишовиќ“… Неверојатна си“, напиша пресреќниот сопруг и татко покрај фотографија од чекалната.
ФОТО | Тамара Драгичевиќ го покажа трудничкиот стомак: Српската актерка блесна во тесен долг фустан


