ВИДЕО | Таа е најмоќната Србинка на светот: Поранешна агентка на ЦИА и 30-та на листата на најмоќни жени во светот според „Форбс“

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Благодарение на сопствените знаења и способности, многу жени изградија вистински империи, а сега уживаат во статусот на највлијателните и најмоќните жени во светот.

Најмоќната Србинка на светот, поранешна агентка на ЦИА, милионерка од листата на „Форбс“, жена која го задржала моминското презиме и во двата брака… Таа е Фиби Новаковиќ.

Денес таа раководи со моќна компанија која е меѓу најголемите производители на одбранбена технологија за американската влада. На листата на „Форбс“ на жени кои сами го создале тоа што го имаат, таа е на 88-то место, со 290 милиони долари и на 30-тото место на листата на најмоќни жени во светот, исто така според „Форбс“.

Таа е претседател и извршен директор на одбранбениот гигант „Џенерал Динамикс“, а на оваа функција ѝ претходеше искуство на уште неколку важни позиции – таа е поранешен оперативец на ЦИА, а била и ангажирана во Министерството за одбрана на САД од 1997 до 2001 година.

Таткото на Фиби бил српски имигрант кој дошол на американско тло кога имал само 17 години и имал 50 долари во џебот. Но, како и многумина, тој успеал да го оствари американскиот сон. Тој станал воен пилот, а подоцна и разузнавач во воздухопловните сили на САД. Од нејзиниот татко Фиби ја наследила страста за нејзината работа, а тој ја насочил кон кариера во одбранбената технологија.

„Уште од мала бев свесна за можностите што ги нуди оваа земја и затоа навистина верувам во служење на нацијата“, изјавила тогаш таа.

Во едно од ретките интервјуа кои ги дала, таа открива дека родителите ја воспитале да ја чува нејзината гордост и дека најважно е да биде добра личност. Таа била мажена двапати и има три деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот