ВИДЕО: Светот се збогува со кралицата Елизабета Втора
Обединетото Кралство денеска се прости со кралицата Елизабета Втора, монарх кој 70 години седеше на тронот, што е најдолг период во историјата на Британија.
Препорачано
Голем број политичари, монарси и верски поглавари се собраа во Лондон за да ѝ оддадат почит на починатата кралица. Илјадници луѓе ги преполнија улиците на англиската метропола, а милиони ја следеа церемонијата преку социјалните мрежи.
Синот на покојната кралица, новиот британски крал Чарлс Трети, заедно со членовите на кралското семејство ја предводеа поворката зад ковчегот.
Илјадници припадници на вооружените сили од Велика Британија и од странство го обезбедуваат на државниот погреб, еден од најголемите церемонијални настани во модерната историја на земјата.

Кралицата вечерва во 20 часот и 30 минути ќе биде погребана во кругот на најтесното семејство, во меморијалната капела на нејзиниот татко Џорџ Шести
(ФОТО) Крунисана на 26 години: Веридбата со принцот Филип ја чувала во тајност
Кралицата Елизабета Втора беше цели 70 години на тронот иако немаше формално образование


