Кои монарси владееле најдолго во историјата?

Гробот на кралицата Елизабета Втора/ Фото Jane Barlow / AFP / Profimedia

Смртта на кралицата Елизабета Втора, која во четвртокот почина на 96-годишна возраст, значеше крај на најдолгото владеење на еден монарх во Обединетото Кралство.

Со точно 70 години и 214 дена на престолот, Елизабета е монархот со втор најдолг период на владеење во историјата. Само еден крал владеел подолго од неа – Луј Четиринаесетти од Франција, кој бил на чело на земјата повеќе од 72 години, помеѓу 1643 и 1715 година. Луј имал само четири години кога бил прогласен за крал.

Тајландскиот крал Бумибол Адуљадеј (Рама Деветти) е на третото место – тој го заврши своето владеење во 2016 година, по 70 години и 126 дена.

Луј Четиринаесетти

Кралот Луј Четиринаесетти (познат како Луј Големиот), бил крал на француското кралство од 14 мај 1643 – 1 септември 1715, што го прави монарх кој владеел најмногу време во историјата. Интересно за овој монарх е што тој станал крал на свои 4 години. Во негово име како регент владеела неговата мајка, Ана од Австрија, која власта ја пренела во рацете на кардиналот Жил Мазарен. По смртта на Мазарен, во 1661, Луј Четиринаесетти ја презел контролата над кралството.

Луј Четиринаесетти
/ Фото Pictorial Press Ltd / Alamy / Alamy / Profimedia

Кралицата Елизабета Втора

Британската кралица Елизабета Втора, која почина на 8 септември на 96-годишна возраст во својата летна резиденција во Балморал, е најдолговечниот британски монарх, а на тронот таа беше цели 70 години. Таа владееше од 6 февруари 1952 до 8 септември 2022 година.

Покрај тоа што беше кралица на Обединетото Кралство, таа беше и монарх на 16 земји од Комонвелтот и исто така врховен поглавар на англиската црква. Бидејќи нејзиниот татко, кралот Џорџ Шести и мајка ѝ на Елизабета немале други деца освен нејзе и нејзината помала сестра Маргарет, на Елизабет позицијата на британскиот монарх ѝ била загарантирана според правото за наследување на тронот.

epa-efe
Кралицата Елизабета Втора/ Фото ЕПА

Рама Шести (Бумибол Адуљадеј)

Бумибол Адуљадеј, познат и како Рама Деветти, беше крал на Тајланд 70 години и 26 дена, со што тој е монархот на една суверена држава со трето најдолго владеење во историјата.  Тој владеел од 9 јуни 1946 до 13 октомври 2016 година. Кралот Рама почина на 88-годишна возраст во 2016 година.

Тој бил исклучително почитувана личност во земјата и се сметал за фактор на стабилност во островската држава позната по исклучителна политичка нестабилност и повеќекратни државни удари.

Бумибол Адуљадеј / Фото chaiwat subprasom / AFP / Profimedia

Јохан Втори

Јохан Втори, познат како Добриот, бил принц на Лихтенштајн од 12 ноември 1858 до 11 февруари 1929 година.

Тој седнал на тронот кратко по неговиот 18-ти роденден. По Првата светска војна, во 1921 година го доделил новиот Устав на земјата. Тој им доделил значителни политички права на обичните граѓани и го направил кнежеството уставна монархија. Уставот преживеал, но со неколку ревизии, особено оние во 2003 година.

Лихтенштајн ја напуштил Германската Конфедерација во 1866 година. Не долго потоа, Армијата на Лихтенштајн била укината бидејќи се сметала за непотребен трошок.

Јохан Втори/ Фото: TopFoto.co.uk / Topfoto / Profimedia

Мухамед Џива Заинал Адилин Втори

Мухамед Џива Заинал Адилин Втори бил вториот султан од Кедах.

Тој владеел од 1710 до 1778 година, а неговиот лик може да се најде на многу актуелни знаменитости во Малезија. Тој исто така најдолго владеел како суверен монарх, владеејќи вкупно 68 години и 220 дена.

Кинич Џанааб Пакал Први

Кинич Џанааб Пакал Први, познат како Пакал, е еден од најпознатите монарси од Јужна Америка, а владеел од 27 јули 615 до 29 август 683 година.

За време на неговото владеење, Пакал бил одговорен за изградбата или проширувањето на некои од најзначајните натписи и архитектури кои се уште постојат во тој дел.

Скулптура со ликот на монархот Пакал/ Фото Jan Bryant / Alamy / Alamy / Profimedia

Франц Јосеф Први

Франц Јозеф бил цар на Австрија и крал на Унгарија, Бохемија, Далмација и Хрватка, a владеел од 2 декември 1848 година сè до својата смрт на 21 ноември 1916 година.

Тој дошол на власт на свои 18 години, а бил наследник на Фердинанд. Со помош на рускиот цар успеал во 1849 година да ја задуши унгарската револуција, а потоа вовел централистичко-апсолутистички режим.

Франц Јосеф Први/ Фото GL Archive / Alamy / Alamy / Profimedia

Чан Имикс Кавил

Чан Имикс Кавил бил дванаесеттиот владетел на Копан, држава на Маите.

Тој владеел од 8 февруари 628 до 18 јуни 695 година.

Фердинанд Трети

Фердинанд Трети бил кралот на двете Сицилии, а владеел од 6 октомври 1759 година – 4 јануари 1825 година.

Тој исто така бил и Кралот на Гозо.

Фердинанд Трети/ Фото / akg-images / Profimedia

Викторија

Кралицата Викторија е монарх со втор најдолг период на владеење во Британија, по Елизабета Втора.

Викторија, во чие време Обединетото Кралство преку колониите се проширило на речиси една четвртина од планетата, владеела од 20 јуни 1837 до 22 јануари 1901 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот