ВИДЕО | Сведоштво за несреќата: Пожарот почнал од парното во предниот дел каде имало туби со нафта, патниците се задушиле и изгореле

Васко Пиргов, Перник/Фото: Скриншот

„Глетката е страшна. Тие скокнале од автобусот од задниот десен прозорец“, изјави за БТВ секретарот на Регионалниот совет за безбедност на Перник Васко Пиргов кој меѓу првите пристигнал на местото на настанот.

Тој смета дека возачот на опожарениот автобус возел со несоодветна брзина, над 100 километри на час, и се движел по десната коловозна лента во делот на исклучувањето кај чешмата покрај патот.

„Автобусот удрил во предната десна гума на знак што леташе 45 метри напред. Површината на патот беше совршена, автобусот не можел да се лизне. Нема знаци за сопирање“, нагласи тој.

Целото видео погледнете го на овој линк.

Пожарот започнал од предниот дел, а според полицијата кај резервните гуми имало туби со нафта.

-Од кај парното почнал пожарот. Патот беше полеан со нафта“, рече Пиргов.

Според него, возилото застанало на бензинска пумпа која е оддалечена само 20 минути од местото на трагедијата па невозможно е возачот да заспал. Според секретарот на Окружниот совет за безбедност, површината на патот била во одлична состојба.

Според Васко Пиргов, повеќето од жртвите најверојатно се задушиле, а потоа изгореле. Нема начин да се отстрани тахо-картичката, бидејќи предниот дел е целосно изгорен. И лимот се стопил.

Кои се причините за страшната несреќа? Во игра се две сценарија, коментираат упатените

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот