Сузана Турунџиева - Фото Слободен печат / Методи Здравев .
Сузана Турунџиева - Фото Слободен печат / Методи Здравев .

ВИДЕО | Сузана Турунџиева го најде својот лек по тешката дијагноза со која се бореше

По борбата со тешката болест минатата година, Сузана Турунџиева го најде својот лек и својата најдобра терапија.

Станува збор за музикотерапија, поточно свирење на инструментот наречен хендпен. Пејачката, водителка и основачка на женскиот хор „Фрида“ објави видео на кое ја свири познатата песна „Бела чао“ на овој инструмент, во амбиентот на својот дом.


Турунџиева работи музикотерапија со мали групи кои учат да свират на хендпен – инструмент што го купила во Турција, а со кој изведуваат најразличен репертоар.

„Свирејќи наизменично и со десната и со левата рака, правиме баланс помеѓу левата и десната хемисфера во мозокот. Хендпенот е длабоко интуитивен инструмент и секој што свири на него подолго од 15-ина минути чувствува лична поврзаност и покачено ниво на самодоверба, што е фасцинантно. Се користи и како ритуален инструмент во јога и медитација и токму поради тоа е еден од најпрепознатливите исцелителни инструменти“, рече Турунџиева во интервју за „Слободен печат“.

Во истото интервју, таа се отвори и за тешката дијагноза со која се соочила.

„Во изминатава година од животот добив жолт картон, а не бев подготвена за тоа. Но, истовремено сум многу благодарна што наместо жолт не добив црвен картон и добив шанса да се борам, да се променам, да победам! Животот ме ‘обучи’ и ме подготви да се справам и да се борам и во најневозможни ситуации. Ни во сон не можев да претпоставам дека некогаш ќе ми биде дијагностицирана сериозна болест, мене, која цел живот се трудам да живеам и да се хранам здраво. Во изминативе 10 месеци сфатив дека поважно од тоа што јадеш е што те јаде!“, рече Сузана минатото лето за „Слободен печат“.

Разговор со Сузана Турунџиева: Ја победив лошата дијагноза и сега живеам нов живот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот