Суспендирана австралиската сенаторка Полин Хансон/Фото: EPA/MICK TSIKAS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

ВИДЕО | Суспендирана австралиската сенаторка која носеше бурка во Парламентот

Крајнодесничарската австралиска пратеничка Полин Хансон вчера е суспендирана од Сенатот седум дена откако се појави во салата носејќи бурка за да ја промовира својата кампања за забрана на муслиманскиот превез во јавноста, предизвикувајќи лута реакција од пратениците, пренесува Ројтерс.

Хансон ја носеше бурката кратко откако ѝ беше одбиена дозвола да предложи закон со кој ќе се забранат бурките и другите целосно покривачки делови од лицето на јавни места во Австралија.

Ова беше втор пат Хансон да носи бурка што го покрива целото лице, што го носат некои муслиманки, во парламентот, во обид да го забрани во јавност.

Сенатот реагираше луто кога Хансон влезе во салата облечена во бурка, а седницата беше прекината кога таа одби да ја отстрани.

Министерката за надворешни работи Пени Вонг, која е лидер на владејачката централно-левичарска Лабуристичка партија во Сенатот, изјави: „Одвратното и плитко однесување на сенаторката Хансон го кине нашето општествено ткиво и верувам дека ја ослабува Австралија. Исто така, има сериозни импликации за многу од нашите најранливи граѓани. Сенаторката Хансон се потсмеваше и оцрнуваше цела религија, која ја следат речиси милион Австралијци… Никогаш не сум видел некој толку навредлив за Парламентот.“

Суспензијата на Хансон од Сенатот е донесена со 55 гласа „за“ и само 5 „против“.

Партијата на Хансон, „Една нација“, сега има четири места во Сенатот, откако го зајакна својот процент на изборите во мај, во услови на подем на крајнодесничарската и антиимиграциската политика во Австралија.

Неодамнешните анкети покажаа дека поддршката за неа и нејзината партија дополнително се зголемила.

Хансон по инцидентот изјави дека стои зад своите ставови за бурката и инсистираше дека нема кодекс на облекување за парламентот.

„Ако можете да носите кацига во банка или на кое било друго место каде што ќе ве замолат да ја соблечете, зошто би било поинаку за бурката? Ќе стојам зад мојот став и моите верувања. Ќе продолжам да го правам тоа. Луѓето ќе бидат тие што ќе ме судат“, изјави сенаторката за новинарите во Канбера.

Хансон, сенаторка од Квинсленд, се здоби со популарност во 1990-тите поради нејзиното жестоко противење на азиската имиграција и барателите на азил. Таа е долгогодишен противник на муслиманската облека и повторно носеше бурка во парламентот во 2017 година, повикувајќи облеката да се забрани низ цела Австралија.

ВИДЕО | Хаос во австралискиот парламент: Сенаторка се појави во бурка и предизвика бурни реакции

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот