ВИДЕО | Сулејманова од АВАЈА: Полициската бруталност не е нова тема во однос на ромската заедница

Марија Сулејманова АВАЈА
Марија Сулејманова, АВАЈА / Утрински брифинг

При сообраќајна несреќа во Битола пред една година полициски службеник реагираше со прекумерна сила кон сторителот, поради што беше осуден на една година затвор. Викендот се одржа протест на полициските синдикати во Битола кои побараа ослободителна пресуда за својот колега. Но, работите секогаш имаат две страни.

-Станува збор за пресуда која што се чекаше да биде донесена една година, за еден настан по кој што и ние од АВАЈА реагиравме заедно со Хелсиншкиот комитет и Здружемието на млади правници. Имаше протест и од наша страна но имаше и контрапротест на полицискиот синдикат во Битола, вели Марија Сулејманова од здружението АВАЈА.

-Станува збор на пресуда донесена за еден полициски службеник и еден цивил во случајот. Останува да видиме каква ќе биде пресудата и на другите двајца цивили и двалца полициски службеници. Точно е дека извршителот на сообраќајната несреќа бил под дејство на алкохол, но тоа не значи дека полицискиот службеник има право да примени прекумерна употреба на сила, вели Сулејманова за Утрински брифинг.

Според судот полицаецот со одреден зафат успеал да го собори цивилот, но не престанал со тоа туку продолжил да го удира што било снимено со камера и затоа судот оценил дека е употребена прекумерна сила.

-Полициската бруталност не е нова тема кога станува збор за ромската заедница но ова е прва пресуда каде се одредува затворска казна. Ова не е единствен случај, вакви случаи имаме и низ цела Европа. Што се однесува до пресудата таа ќе биде обжалена, но во однос на случај за употребена прекумерна сила во службата казната од една година е најмала. Оваа пресуда се однесува на самиот актот на нападот, но треба да се донесе решение и за полициска бруталност врз расна основа, вели Сулејманова за Утрински брифинг.

Таа додава дека и другата страна треба да ја разгледа ситуацијата, каков е односот на полицијата кон ромската заедница.

-Нашата цел е да има праведна одлука и да се осуди кривичното дело а не да се создаде меѓуетничка тензија, заклучува Марија Сулејманова од граѓанско движење Аваја.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот