ВИДЕО | Судијка спречи тепачка меѓу тенисери на Ролан Гарос
Годинешното издание на Ролан Гарос носи голем број драматични натпревари во пет сета, какви што одамна не се видени на еден гренслем турнир. Речиси секој ден љубителите на тенисот имаат можност да проследат вистински маратони на париската земјена подлога.
Препорачано
Само во вчерашната програма дури пет меча беа решени по пет сета, додека само три завршија во пократок формат. Во вакви исцрпувачки пресметки емоциите често излегуваат на површина, а токму тоа се случи и во дуелот од третото коло меѓу Френсис Тиафо и Жаиме Фарија.
Португалскиот тенисер беше на чекор до големо изненадување, но не успеа да ја задржи предноста и на крајот беше поразен од Американецот со 4:6, 6:7 (2:7), 7:6 (7:4), 6:1 и 6:2.
Фарија, кој се наоѓа на 115. место на АТП-листата, најблиску до победата беше во третиот сет кога направи брејк и поведе со 4:3. Сепак, 22-от тенисер во светот веднаш возврати, го врати изгубениот гем и од тој момент целосно ја презеде контролата на натпреварот, комплетирајќи голем пресврт.
Тензијата кулминираше во петтиот сет, кога за малку ќе дојдеше и до физичка пресметка меѓу двајцата тенисери. Во ситуацијата мораше да интервенира српската судијка Маријана Вељовиќ, која застана меѓу нив и спречи инцидент на теренот.
“Why don’t you quit trying to act like you’re tough? You’re not hard bro, just play.” 😳
Frances Tiafoe and Jaime Faria are jawing past midnight in Paris 😮 #RolandGarros pic.twitter.com/7ghPL6LUZ7
— TNT Sports U.S. (@TNTSportsUS) May 30, 2026


