Фото: „Студентарија“ / Инстаграм / скриншот

ВИДЕО | Студенти во Охрид се во мрак и студ, цел ден нема струја во домот „Никола Карев“

Без струја, греење и топла вода се студентите кои живеат во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид, кои од повеќе од 12 часа немаат струја, што ги остава и без греење и топла вода.

„Струја во домот нема од утрово од 10:00 часот, и според информациите од студентите, прекинот е во целиот дом, додека во околината има редовно снабдување. До овој момент не е познато кога струјата ќе биде повторно пуштена, ниту има официјална информација од надлежните“, пишува гласникот „Студентарија“ во објава на „Инстаграм“.

Студентите велат дека парното греење во домот не работи подолг период, па за да се стоплат, биле принудени самите да се снаоѓаат со електрични греалки донесени од дома. Но, бидејќи сега нема струја, и таа можност да се згреат им е одземена.

Студентите вечерва седат на светло од свеќи и чекаат да биде пуштена струјата, но засега за тоа нема никаква најава од раководството на домот. Се очекува вечерва температурата во Охрид да се спушти до само неколку степени. Неофицијално, студентите разбрале дека струјата е исклучена поради неплатени сметки. Тие велат дека немале никаква најава за прекинот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот