Кејт Мидлтон, облечена во елегантен зелен капут од Александар Меквин, поздравува луѓе по традиционалната божиќна служба во црквата „Света Марија Магдалена“ на имањето Сандрингам во Норфолк / 25 декември 2024 / Фото: MartinJPalmer / Alamy / Profimedia

ВИДЕО | „Студен туш“ или кралски манири? Кејт Мидлтон одби да даде автограм, но сепак го изненади обожавателот

Кејт Мидлтон, принцезата од Велс одби да даде автограм на обожавател за време на посетата на Поуис во Велс, објаснувајќи дека членовите на кралското семејство не смеат да делат автограми од безбедносни причини. Наместо тоа, таа му понуди ракување и срдечна прегратка, што предизвика бројни позитивни реакции, пишува „Пипл“.

Членовите на кралското семејство не смеат да даваат автограми поради долгогодишно правило кое постои со цел да се спречи можноста за злоупотреба на нивните потписи. Потпис на член од кралското семејство би можел да биде злоупотребен на официјални документи или продаден по висока цена, па затоа ова правило строго се почитува.

За време на неодамнешната службена посета на Поуис во Велс, принцезата уште еднаш покажа пристапност и топлина во комуникацијата со насобраните граѓани. Во еден момент, како што се гледа во видеото, еден обожавател ѝ пријде и ја замоли за автограм. Таа со насмевка љубезно го одби, објаснувајќи:

„Не можам да го потпишам тоа, многу ми е жал.“

Наместо потпис, му понуди ракување и топла прегратка, гест што обожавателот со воодушевување го прифати.

Овој момент брзо стана вирален, а во описот на објавата беше појаснето дека забраната за давање автограми има цел да спречи фалсификување или злоупотреба на потписите на членовите на кралското семејство.

Кејт Мидлтон / Фото: Aaron Chown / PA Images / Profimedia

Постапката на принцезата предизвика лавина позитивни коментари на социјалните мрежи, каде многумина ја пофалија нејзината грациозност и начинот на кој ја реши ситуацијата. Иако мораше да ја одбие молбата, нејзината љубезност и понуденото ракување покажаа почит кон обожавателот.

Објавата отвори и поширока дискусија за улогата на монархијата, особено во Велс, каде што коментарите открија и поделени мислења за статусот на принцот и принцезата од Велс во денешно време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот