фото: F.C. Struga

ВИДЕО: Струга Трим Лум ја оствари првата европска победа

Денеска на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид во првиот натпревар од второто квалификациско коло во Конференциската лига екипата на Струга Трим Лум славеше со 1:0 против Будуќност од Црна Гора.

Ова е прва историска победа во клупската историја на Струга Трим Лум на меѓународната сцена, после учинокот од два порази и два нерешени против Жалгирис (Литванија) и Лиепаја (Летонија).

Стрелец на единствениот гол беше Бесарт Ибраими во 30 минута по асистенцијата на Марјан Радески.

Дали оваа минимална предност ќе биде доволна за актуелниот македонски шампион да се пласира во третото квалификациско коло од ова натпреварување останува да се види по реваншот кој ќе се игра на 1 август од 21.00 часот во Подгорица.

Победникот од овој двомеч во следната фаза ќе игра со подобриот од пресметката меѓу велшкиот ТНС и Есперанж од Луксембург. По првиот дуел одигран во Велс резултатот е 1:1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот