ВИДЕО| Страшна несреќа: Заробени околу 70 лица во превртен воз во Тајван, спасувачите се обидуваат да дојдат до нив

Ова е најголемата железничка трагедија на островот во последните четири децении. Експресниот воз сообраќал помеѓу Тајпеј и Таитунг, а во него се превезувале голем број туристи и луѓе кои тргнувале кон своите домови пред почетокот на викендот.

Околу 70 лица се уште се заробени во оштетените вагони на возот кој излета од шините во источен Тајван во несреќата во која загинаа најмалку 36 лица, соопшти противпожарната служба.

Возот удри во камион што се лизна од патот што води кон блиското градилиште. Повеќе од 40 патници се повредени.

Ова е најголемата железничка трагедија на островот во последните четири децении. Експресниот воз сообраќал помеѓу Тајпеј и Таитунг, а во него се превезувале голем број туристи и луѓе кои тргнувале кон своите домови пред почетокот на викендот.

Објавената снимка покажува сериозно оштетени вагони во тунелот додека спасувачите се обидуваат да стигнат до патниците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот