Сообраќајна несреќа на автопат во Србија / Фото: 192.рс / Инстаграм

ВИДЕО | Страотна несреќа на автопат во Србија — „Форд“ возел 130 км/ч во спротивна насока, тројца луѓе загинаа

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево на автопатот во близината на границата меѓу Србија и Хрватска, кога возач, кој со голема брзина возел во спротивна насока, се судрил со џип кој се движел прописно, јавија српските медиуми. Според првичните информации, тројца луѓе загинале во директниот судир.

Непосредно пред несреќата, во сообраќајните групи на социјалните мрежи се појавиле предупредувања дека темно синиот „Форд“ вози со 130 километри на час во спротивна насока кај градот Рума. Веднаш потоа, во групите веќе биле објавени фотографии од местото на страотната несреќа.

y=”true”>

Сообраќајот на автопатот беше во целосен прекин попладнево, а на местото се и неколку пожарникарски возила, како и бројни полицајци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот