ВИДЕО: Стотици Срби на протест пред Руската амбасада во Белград поради смртта на Навални

Стотици луѓе се собрале попладнево пред руската амбасада во Белград да изразат жалост по смртта на рускиот опозиционер Алексеј Навални во затвор. Луѓето полагаат цвеќе и плачат, а се слуша и руска музика, објавува српскиот медиум N1.

Меѓу граѓаните пред амбасадата има и такви кои побегнаа од Русија. Како што пренесуваат регионалните медиуми, учесниците велат дека Навални бил последната надеж дека Русија може да биде слободна и нормална земја.

 

„Додека беше жив имавме надеж дека Господ ќе ја спаси Русија. Денеска ни е изгубена последната надеж“, изјави Игор кој ја напушти Русија пред десет години и дојде на собирот со сопругата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот